За нас

Формирана како семејна компанија за градежништво Мастер инженеринг е фокусирана на изградба на модерни, квалитетни објекти кои ги задоволуваат сите потреби на модерното живеење. Нашите објекти се изградени во централното градско подрачје со што не само што нудиме удобно и урбано живеење, туку нудиме и атрактивни локации за идните сопственици на недвижен имот.

Во досегашното работење имаме изградено преку 10.000м2 станбена површина и 1000м2 деловен простор. Нашата мисија е остварување на желбите на купувачите кои имаат потреба за недвижен објект, но не само како објект, туку како влог во својата иднина.

Наша цел е обезбедување на максимална сигурност при вложување на своите финансиски средства и обезбедување на квалитетен, уникатен и функционален простор за живеење и за деловно работење. Нашиот тим од искусни архитекти и инженери кои се максимално посветени на креирање совршени проекти како и младиот стручен кадар придонесуваат за навремената и квалитетна изградба на планираните проекти.